Поранешниот голман на Манчестер јунајтед, Марк Боснич смета дека одлуката на клубот да го донесат нигерискиот напаѓач Одион Игало на последниот ден од преодникот рок е одлична и дека тој може да стане новиот Ерик Кантона за „ѓаволите“.
Игало е донесен само на шестмесечна позајмица од Шангај шенхуа во обид да се реши кризата со напаѓачи на тимот на Оле Гунар Солскјер, по повредата на Маркус Рашфорд, а се постави прашањето дали тој ќе биде во доволно добра физичка форма поради паузата од фудбалот во Кина. Но, Боснич е убеден дека се работи за вистинска одлука.
„Да, тој беше засилување од нужда. За Јунајтед уште е можно да влезат во топ 4 и мораа да донесат напаѓач. Тој нема што да загуби, бидејќи никој не очекува неверојатни работи од него, но никогаш не знаете. Одамна, Манчестер јунајтед потпишаа договор со еден Французин од кого никој ништо не очекуваше и тој стана легенда на клубот“, вели Воснич.