Top Sport

Бразилско лудило: Сакаше да го шутне навивачот во глава, го погоди својот соиграч (видео)

Дербито на бразилската провинција Санта Катарина, помеѓу Фигуиренсе и Аваи донесе хаотични сцени, откако фудбалер од средниот ред, Бруно Силва по грешка го погоди својот соиграч, резервниот голман Гледсон во главата во обид да шутне еден од навивач кој влезе на теренот.

Аваи победи со 2:0 во мечот во кој мораше да интервенира и полицијата за да го спречи хаосот. Снимките покажуваат како навивачите ја пробиваат бариерата во обид да избегаат од воената полиција при паузата од повеќе од 20 минути.

Тензијата беше на високо ниво и пред гостите да направат предност со два гола во финишот на натпреварот.

Scroll to Top