Лутината на Килијан Мбапе по замената во саботниот меч против Монпелје не значи дека тој ќе го искористи тоа за да си замине од Пари Сен-Жермен, смета тренерот на тимот, Томас Тухел.
Тухел го замени Мбапе со Мауро Икарди во 68. минута од убедливата 5:0 победа, по што беше вклучен во жестока дискусија со својот играч. Ова, заедно со долгорочните шпекулации дека 21-годишниот Французин сака да замине во Реал Мадрид, Тухел вели дека нема никакви проблеми.
„Не можам да замислам Мбапе да ја искористи оваа ситуација за да замине од клубот. Тој е еден од нашите клучни фудбалери, а има и договор, а јас направив одлука која е дел од тренерската работа. Не се работи за лични проблеми меѓу нас. Тоа е работа помеѓу фудбалер кој не сака да биде заменет и тренер кој има причини да го направи тоа, бидејќи има фудбалери на клупата кои треба да играат. Проблемот е што има камери, фанови, новинари и сите сакаат да зборуваат за тоа. Останува во клубот“, вели Тухел.
Тој исто така беше запрашан дали го извадил Мбапе од игра бидејќи е „полесно“ отколку да го извади Нејмар.
„Да сакав да сум политичар, ќе бев во политиката. Јас сум фудбалски тренер и зборувам само за спортот“, додава Германецот.