Top Sport

Карабах го исфрустрира Атлетико

И покрај тоа што Атлетико Мадрид имаше играч повеќе во последните 15 минути од натпреварот, азебејџанскиот дебитант во Лигата на Шампионите, Карабах успеа да одигра без голови и да го освои својот прв поен во елитното натпреварување.

Јужноафриканскиот напаѓач Дино Ндлову доби втор жолт картон во 75. минута, но ниту тоа не беше доволно Атлетико да ја прекине „сушата“ во Лигата на шампиони. Статистиката вели дека Атлети имаат постигнато само еден гол (и тоа од белата точка) од 44 удари на голот во трите досегашни мечеви.

За Атлетико поените загубени на крајбрежјето на Каспиското Езеро можат да се покажат како клучни, бидејќи сега шпанскиот тим сега има само 2 поени по три меча, два помалку од Рома и три помалку од Челси, кои вечерва од 20.45 го играат својот меч.

Scroll to Top