Top Sport

И „децата“ на Ливерпул победуваат – смешен автогол за триумф над Шрузбери (видео)

Ливерпул, со тим составен од младинските школи на тимот по одлуката на Јирген Клоп да не го постави првиот тим во повторениот меч од 1/16 финалето на ФА купот против третолигашот Шрузбери, успеа да стигне до неверојатна 1:0 победа благодарение на еден бизарен автогол на противникот.

Никој не им даваше шанси на У-23 тимот предводен од тренерот Нил Кричли – кај обложувалниците коефициентот за победа на Ливерпул беше над 2, но тие ја продолжија победничката серија на нивниот тим, додека Јирген Клоп и првиот состав одмараа.

Клучниот момент се случи во 75. минута од мечот, кога по едно нафрлање од далеку, гостинскиот фудбалер Ро Шон Вилијамс успеа со глава да го лобува сопствениот голман.

Награда за триумфот е осминафинале против Челси на „Стемфорд бриџ“ и сега ќе биде интересно да се види дали Клоп ќе го изведе првиот тим на тој меч.

ФА КУП,1/16 ФИНАЛЕ, ПОВТОРЕНИ НАТПРЕВАРИ

Бирмингем сити – Ковентри 1:1, 2:2 по продолженија, 4:1 пенали

Кардиф – Рединг 2:2, 3:3 по продолженија, 1:4 пенали

Дерби каунти – Нортхемптон 4:2

Ливерпул – Шрузбери 1:0

Оксфорд јунајтед – Њукасл 2:2, 2:3 по продолженија

Scroll to Top