Легендата на украински Шахтјор и на хрватската фудбалска репрезентација, Дарио Срна важи за голем спортсмен за кого многумина имаат само зборови за пофалба.
Тој искажа грст пофалби за колегите Срби, Синиша Михајловиќ и Дејан Станковиќ.
„Дејан Станковиќ е легенда во Звезда, луѓето го сакаат. Од него се очекува многу. Му посакувам се најдобро. Ги гледав натпреварите на Црвена Звезда против Ливерпул, ПСЖ, Олимпијакос. Впечатокот ми е дека Звезда игра подобро против големите, отколку против малите екипи“ – вели Срна.
Прашан за тоа што мисли за Михајловиќ, тој е преполн со пофалби.
„Покажа каков борец е. Докажа дека животот не е едноставен, па ако немаш м.да, не можеш ништо да направиш. Да сме на негово место, не знам колку би седнале на клупата. Се слушнав со него, му посакав добро здравје, затоа што се останато тој има. Михајловиќ е пример како треба човек да се носи со тешките работи“ – смета Срна.
Поранешниот ас на Хрватска има одлично мислење и за селекцијата на Србија.
„Играв двапати против Србија, немаше никакви тензии. Тоа се се мои пријатели. Ние се тепавме на терен, но потоа заедно одевме на пијачка. Во спортот нема место за политиката. Се надевам дека Србија ќе оди на ЕУРО, и посакувам се најдобро. Имаат сериозна екипа“ – вели екс-фудбалерот.