Шпанскиот тениски ас, Рафаел Надал во изјава за „Марка“ призна дека во финалето на Австралија Опен навивал против директниот конкурент за лидерската позиција на АТП листата, Србинот Новак Ѓоковиќ.
Доколку Новак загубеше од Австриецот, Доминик Тим, Шпанецот се уште ќе беше лидер на тенисерите.
„Се разбира дека навивав против Ѓоковиќ. Не сакам да бидам лицемер и да кажам поинаку. За мене беше подобро Тим да победи, но мирно спиев, без оглед на тоа што веќе не сум прв. Се е тоа само спорт. Победи Ѓоковиќ, тој е моментно најдобар на свет. Така велат бројките. Се што можам да направам е да му честитам на уште еден голем успех“ – изјави Надал.