Црвена звезда двапати се враќаше од сигурен пораз за 78:73 триумф над Панатинаикос во 23. коло од Евролигата, за да ја прекине низата од четири порази едноподруго.
Грчкиот тим имаше +13 предност во првото полувреме и +12 во второто полувреме, но во драматична завршница победата остана во Белград. Звезда губеше со 10 поени во последните десет минути, но за само две минути намали на 62:65, пред Штимац со тројка да ги донесе домаќините во водство (68:65), пред Кевин Пантер да го „реши“ својот поранешен клуб со уште една тројка. Пантер заврши со 24 поени и 2 украдени топки, додека за Панатинаикос, Дешон Томас и Јоргос Папајанис имаа по 12 поени.
Своја трета победа во низа забележа Фенербахче откако со 73:68 ги победи Зенит Петерсбург на гости. Лео Вестерман го предводеше победничкиот тим со 13 поени, а клучен во последната четвртина беше Костас Слукас, кој заврши со 12 поени, 4 асистенции и 3 скока.
Токму Слукас ги донесе Фенер во водство од 71:64 на 1:14 пред крајот на мечот, по што домаќините не успеаја со камбекот во последната четвртина.