АВ Охрид доживеа висок пораз од 94:72 на гостувањето кај Ловќен во Цетиње во второто коло на втората АБА лига. Црногорските домаќини имаа убедливо водство уште од првата четвртина, за на крајот да победат со превисоки 22 поени разлика 94:72 (24:17/23:20/24:17/23:18).
За охриѓани најефикасни на теренот беа странците – Американецот Кенет Рос уфрли 23 поени, Французинот Реми Бери имаше 16 поени, а бугарскиот интернационалец Станислав Цонков броеше до 15. За Ловќен најдобар беше босанскиот „џин“ Драшко Албијаниќ, кој доминираше со 26 постигнати коша, 7 скокови и три асистенции.
Следниот регионален тест за Охрид доаѓа во среда, кога во „Билјанини извори“ гостува српскиот Вршац.