Напаѓачот на Наполи, Лоренцо Инсиње вели дека неговиот тим е вистинско „страшило“ за моќниот Ливерпул, откако се среќаваа со англискиот клуб последните две сезони во Лигата на шампионите.
„Секојпат против Ливерпул имаме одлични мечеви. Против нив имаме перформанси од стратосферата и мислам дека станавме ’страшило’ за нив. Во два меча оваа сезона освоивме четири поени и тоа ни дава задоволство. Си заминавме од ’Енфилд’ со реми за да се пласираме во осминафиналето“, вели капитенот на Наполи во интервју за „Скај спорт Италија“.
Наполи во осминафиналето од ЛШ имаат супер-тежок противник во Барселона.
Тој исто така беше запрашан за бунтот на фудбалерите во Наполи, кој заврши со заминување на Карло Анчелоти од клупата од „Сан Паоло“ и го остави клубот во средината на табелата.
„По мечот против Салцбург имаше мешаница која можеше да биде избегната, но вината е кај сите подеднакво. Но, тоа сега е во минатото и мораме да бидеме компактни и обединети“, додава Инсиње.