Мирослав Тањга, поранешен соиграч на Нико Ковач од Херта Берлин, а сега помошник на Синиша Михајловиќ во Болоња, открива дека уште е добар пријател со поранешниот хрватски селектор и тренер на Баерн Минхен, но додава дека Ковач, кој е роден во Германија, секогаш го сметале за „странец“ во Германија.
„Нико ми е добар пријател, игравме заедно во Херта долго време. Неодамна ми кажа: ’Знаеш Миро, Германија се смени. Јас сум Хрват, но роден сум тука и повеќе сум Германец него Хрват, но секогаш кога пишуваат за мене за нив со странец’. Му кажав дека е исто и во Италија, можеш да станеш било што, но уште ќе си странец“, вели Тањга.
Тој вели дека бил шокиран што Ковач добил отказ во Баерн Минхен.
„Отидоа во Лондон, со 7:2 ги победија Тотенхем и потоа доби отказ. Мислам дека немаа слух и трпение со него, бидејќи тој е млад тренер со многу идеи. Клубовите како Реал, Манчестер сити и Барселона имаат пари и вложуваат многу. Баерн има исто толку пари, но не вложува“, вели Тањга.