Роџер Федерер признава дека Рафаел Надал, човекот со кого повеќе од 16 години се бори на АТП турнејата не е негов најблизок пријател, но посочува дека двајцата имаат голема меѓусебна почит.
Федерер и Надал ќе играат во Јужна Африка, земјата од каде потекнува мајката на швајцарскиот тенисер во егзибициски меч за фондацијата на Федерер и тој мораше да каже нешто за својот ривал.
„Убаво е да наречеш еден од твоите најголеми ривали пријател. Но, тој не е мојот најблизок пријател, исто како што јас не сум неговиот. На АТП турнејата, се разбираме многу добро и сакаме да се видиме и да поразговараме за доброто на тенисот. Почитта е голема, но пријателството е такво“, вели Федерер.