Top Sport

Емери: Ако дојде во Шпанија Мбапе ќе стане најдобар во светот

Поранешниот тренер на Арсенал Унаи Емери смета дека Килијан Мбапе треба да се пресеи во Шпанија за да го покаже целиот свој потенцијал.

Емери соработуваше со Мбапе додека ги предводеше ПСЖ. Тој верува дека шпанската Ла Лига е вистинското место каде напаѓачот може да покаже колку вреди и да израсне во најдобра играч во светот.

„Би сакал да го видам Килијан во Ла Лига. Тој би можел да биде најдобра во светот, мислам дека тоа може да го постигне. Доколку му се приклучи на врвен шпански клуб, ќе стане најдобар“, рекол Емери.

Медиумите долго време го поврзуваат Мбапе со трансфер во Реал Мадрид. Шпекулациите се засилија по најновите недоразбирања што ги имаше Мбапе со тренерот на ПСЖ Томас Тухел.

Scroll to Top