Top Sport

Барди асистент во победата на Леванте (Видео)

Фудбалерите на Леванте забележаа победа над Леганес 2:0 во првиот одигран денес во рамките на 23 коло во Ла Лига.

Леванте против екипата која се бори за опстанок успеа да стави крај на серијата лоши резултати. Оваа екипа пред овој натпревар имаше серија од четири порази.

Во Валенсија домашниот тим во првите 28 минути ги реши дилемите околу конечниот победник.

Првиот гол во 20 минута по додавањето на Енис Барди го постигна Рубен Рочина.

Oсум минути подоцна конечниот резултат го постави Роџер Марти.

Леванте по некомплетното 23 коло се наоѓа на 11 место со 29 поени, додека Леванте се во зоната на испаѓање со 18 бодови.

Scroll to Top