Top Sport

Хетафе ја декласира Валенсија (Видео)

Хетафе ја декласира Валенсија во 23 коло во Ла Лига. Натпреварот на Колосеум Алфонсо Перез заврши 3:0 (0:0).

Победата над Валенсија го зацврсти Хетафе на третата позиција на табелата веднаш зад великаните Реал и Барселона.

Гостите од Валенсија по елиминацијата од Купот доживеаја уште една шлаканица. Валенсија во Мадрид не одигра буквално ништо.

Статистиката најдобро ја отсликува целосната доминација на Хетафе на овој натпревар упатија девет удари во рамките на голот и имаа девет корнери, додека во овие колони кај Валенсија стојат нули.

Теренската доминација Хетафе ја материјализира во второто полувреме. Хорхе Молина во 58 и 67 минута ги постигна првите два гола, а конечниот резултат го постави Мата во 88 минута.

Валенсија од 78 минута играше со играч помалку поради исклучувањео на Флоренци. Италијанецот го одигра вториот меч за Валенсија, а „поцрвене“ поради груб старт врз Кукуреља.

Scroll to Top