Барселона победнички се враќа од гостувањето кај Реал Бетис. Каталонците со пресврт стигнаа до триумф од 3-2 и од -6, се вратија на -3 бода заостаток зад лидерот во Ла лига – Реал Мадрид.
Иако вечерва не беше расположен за погодоци, Аргентинецот Лео Меси на своето конто забележа дури 3 асистенции.
До осмата минута на мечот веќе имаше паднато два гола, по еден во двете мрежи.
Каналес во 5 минута носи водство за Бетис од 1-0 по пеналот што го направи Ленглет. Радоста на доашните траеше само 3 минути. Де Јонг погоди за 1-1.
Се играше 26. минута кога Бетис повторно се врати во водство. Овојпат стрелец за 2-1 беше Фекир. И кога сите на теренот очекуваа последен свиреж во првото полувреме, Серхио Бускетс погоди за израмнување 2-2.
Во вториот дел Барселона ја презеде иницијативата, а дефанзивецот Ленглет, со глава во 72 минута носи предност за Каталонците.