Жестока тепачка помеѓу навивачите на унгарскиот Пешчи и Цибалија од Хрватска се случила во саботата. Двата тима во Унгарија играче контролен меч кога навивачите на двата клуба влетале на теренот и започнале со брутална тепачка.
Навивачите во тепачката користеле палки разни други предмети. Полицијата реагирала и уапсила 44 навивачи на Цибалија и 47 на Пешчи.
Хрватските навивачи на социјалните мрежи тврдат дека биле испровоцирани уште пред натпреварот.
„Додека одевме кон стадионот едно момче гестикулираше дека ќе не заколат“.
Натпреварот заврши со победа на Пешчи од 3:1.
https://www.instagram.com/p/B8WQ4tRHPMS/?utm_source=ig_web_copy_link
Fight between Cibalia ?? and Pecs ?? during friendly match 08/02/2020 pic.twitter.com/1SJk5tU9td
— 101% ULTRAS (@101ULTRAS) February 8, 2020