Даглас Коста и Марио Манџукиќ постигнаа по еден гол во двете полувремиња, за Јувентус да стигне до 2:0 победа во четврт-финалето на Копа Италија против градскиот ривал Торино, но поразените се лутат на контроверзниот втор гол на Манџукиќ.
Јуве започна силно, откако Миларем Пјаниќ имаше одлична шанса на стартот на натпреварот, пред Даглас Коста со одличен волеј да го совлада Вања Милинковиќ-Савиќ и да донесе водство за „домаќините“. Пауло Дибала исто така имаше добра шанса, но и М’Баје Нианг за малку ќе израмнеше кога неговиот удар го погоди дирекот.
#Mandzukic raddoppia per la #Juve. L’arbitro doveri consulta il #Var e convalida il gol! #JuveTorino 2-0 #TIMCup pic.twitter.com/KmgFMIRWvs
— Alessia N⚽️velli (@Alessia_Nov) January 3, 2018
Вториот гол беше контроверзен, бидејќи играчите на Торино застанаа кога сметаа дека Сами Кедира направи фаул над Африје Аква, но Дибала продолжи и му додаде на Манџукиќ кој го совлада Милинковиќ-Савиќ. Зачудувачки и по разгледувањето на видео-снимките преку ВАР, голот беше признаен, нешто што драстично го налути тренерот на Торино, Синиша Михајловиќ.
Следни за Јуве во полуфиналето се Аталанта, а во другото полуфинале играат Милан и Лацио.