Top Sport

Нејмар: Имам договор со Бекам

Дејвид Бекам забрзано работи на трансфери на фудбалери во својот клуб Интер Мајами. Бекам има желба во неговиот клуб да играат најголемите ѕвезди. Наводно успеал да го убеди Нејмар во иднина да се пресели во Мајами.

Дејвид Бекам и Нејмар разговарале на „Јутјуб“ во емисијата „Легенди со легендите“. Нејмар се согласил еден ден да заигра за Интер Мајами.

„Америка е голема шанса, тие имаат други спортови во кои се најдобри. Но фудбалот е во подем, мислам дека е вистинско време овде да дојдат најдобрите играчи“, рекол Бекам и дополнил.

„Ќе ти дадам да се потпишеш на празен лист хартија, тоа ќе биде твојот договор со Мајами во наредните десет години. Но нема многу да те плаќаме“.

„Договорено. Јас прв прашав да играм кај него. Тоа го сакам, веќе сум му го кажал тоа на Бекам. Му реков дека еден ден ќе играм во неговиот тим. Ќе бидам тука за неколку години. Заедно сме во ова. Тој е мојот претседател“, одговорил Нејмар.

Интер Мајами се подготвува за својата прва сезона во МЛС лигата. Првиот меч ќе го одигра на 1 март во Лос Анџелес. Една недела подоцна Интер Мајами ќе го одиграат првиот меч на домашен терен, а противник ќе им биде поранешниот клуб на Бекам, ЛА Галакси.

Своите натпревари до 2022 година Интер Мајами ќе ги игра на Локхарт стадионот.

Scroll to Top