Top Sport

По дербито провокации – Лукаку: Има нов „крал“ во Милано, Ибра: Интер не се за титула!

Интер со „магичен“ пресврт во второто полувреме стигна до фантастична 4:2 победа над градскиот ривал Милан во „Дерби дела мадонина“, и првите напаѓачки ѕвезди на двата клуба не изддржаа да не упатат по некоја провокација кон ривалот.

Милан го имаше мечот под контрола со гол и асистенција на Златан Ибрахимовиќ за 2:0 водство, о Интер се врати со два гола за три минути, пред во финишот на мечот, Ромелу Лукаку да го комплетира триумфот и го закачи дресот на знаменцето за корнер пред да го крене високо. Подоцна тој ја сподели фотографијата со едноставна порака: „Има нов крал во градот“.

Секако, ова може да биде протолкувано како порака кон неговиот поранешен соиграч од Манчестер јунајтед, Златан Ибрахимовиќ.

Ибрахимовиќ беше лут на соиграчите за лошото второ полувреме по кое Милан е само 10-ти, а Интер е во игра за прва титула од 2010 заедно со Јувентус и Лацио. Но, на прашањето дали Интер може до титулата, Швеѓанецот е јасен.

„Не!“, отсече Ибрахимовиќ и веднаш си замина.

Милано вечерва е „црно-син“, Интер по антологискиот пресврт е пред Јуве (видео)

Scroll to Top