Top Sport

Серон во војна со троловите – им даде адреса ако некој сака да се „проба“ со него!

УФЦ фајтерот Доналд Серон им ја даде адресата на коментаторите на Инстаграм, предизвикувајќи еден „трол“ на тепачка откако беше предмет на потсмев по поразот од Конор Мекгрегор.

Во неделата, Серон објави фотографија на која стои со два скутери за снег во неговиот дом, и доби многу нормални коментари, но еден од нив му советуваше да ја смени професијата и да се фокусира на снежни активности, откако на 19 јануари загуби по само 40 секунди од Мекгрегор.

„Можеби е време за нова кариера. Како возење на скутери. Бидејќи очигледно борбите веќе не се нешто за тебе“, напиша еден од коментаторите.

Серон реагираше луто, постирајќи ја војата адреса за сите 2.1 милиони следбеници.

„Знаеш што, јас живеам на Калма лејн 6, Еџвуд, НН 87015. Дојди до ранчот и обиди си ја среќата против некој кој не го бива за борби. Ќе ти ја оставам отворена портата. Но, ти си исплашена мала кучка која зборува многу на Инстаграм. Да видиме каков човек си“, напиша Серон.

 

View this post on Instagram

 

850 turbos !!! If your into cool shit?? ??‍♂️

A post shared by Donald Cerrone (@cowboycerrone) on

Scroll to Top