Синиша Михајловиќ повеќе не е тренер на фудбалерите на Торино пренесоа италијанските медиуми.
Челниците на клубот, незадоволни од резултатите, решиле да ја раскинат соработката со српскиот тренер. Торино синоќа беше елиминиран од италијанскиот Куп. Јувентус во четврт-финалето славеше со 2:0.
Михајловиќ во 69.минута доби црвен картон откако збесна поради одлуката на судијата да го го признае вториот гол на Јувентус. Судијата претходно ја прегледа снимката од акцијата која му претходеше на голот.
Quando il tuo compagno butta l’asso di briscola alla prima mano. #JuveTorino #JuventusTorino #Juventus #torino #CoppaItalia #TIMCup #Mihajlovic pic.twitter.com/dHReweFyru
— CALCIATORI BRUTTI (@CB_Ignoranza) January 3, 2018
Веднаш по натпреварот челниците на клубот одржале состанок со Михајловиќ и му соопштиле дека повеќе не е тренер на Торино.
Торино во Серија А се наоѓа на деветтото место на табелата со 25 бода.
Како можен наследник на Михајловиќ италијанските медиуми го посочуваат Валтер Мацари.