Top Sport

Енди Мареј нема да игра на Австралија опен

Британскиот тенисер Енди Мареј донесе одлука да не настапи на првиот Гренд слем во сезоната, Австралија опен.

Британецот има хронична повреда на колкот, како што изјави пред два дена најверојатно ќе мора да замине на опаерација, поради што реши да го откаже настапот на Отвореното првенство на Австралија во Мелбурн.

Трикратниот Гренд слем шампион нема одиграно официјален меч уште од елиминацијата во четврт-финалето на Вимблдон минатата година.

Мареј на 30.декември минатата година одигра еден меч на егизибицискиот турнир во Абу Даби. Тој загуби во три сета од Роберто Баутиста-Агут, но на тој меч забележливо беше дека тешко се движи и дека игра со 50 отсто од своите можности.

Некогашниот број 1 потоа го откажа настапот на турнирот во Бризбејн, а два дена подоцна потврди дека нема да учествува ниту на Австралија опен.

Мареј во моментов се наоѓа на 16.место на АТП листата. Лани во Мелбурн тој испадна во четвртото коло кога го загуби мечот со Миша Зверев.

Scroll to Top