Фудбалерот на Реал Мадрид Тони Крос не можел да го преболи поразот кој го доживеал како играч на Баерн во финалниот меч во Лигата на шампионите во 2012 година.
Баерн на својот стадион во 2012 година го играше финалето против Челси. Имаа предност од 1:0, а во 83 минута Дидие Дрогба го израмни резултатот. Во продолженијата Петр Чех му одбрани пенал на Аријан Робен, а по пенал-рулетот Челси победија 4:3.
„Финалето во Лигата на шампионите во 2012 година. Тоа и понатаму ме боли“, рекол Крос.
Крос одговорајќи на новинарско прашање рекол дека Мирослав Клосе е најголемиот германски играч.
Фудбалерот на Реал е задоволен од досегашниот тек на сезоната, но истакнува дека „најважните натпревари допрва им следуваат“.
Реал на 16 февруари ќе ја пречека Селта, а шест дена подоцна ќе гостува кај Лаванте, потоа, на 26 февруари, им следува првиот осмина-финален меч во Лигата на шампионите против Манчестер сити.
Chelsea broke Bayern Munich hearts when they won the Champions League final in their own stadium back in 2012, and Toni Kroos still isn't over the defeat https://t.co/z2fDBQTRSt
— The Final Whistle (@finalwhi) February 11, 2020