Италијанските медиуми повторно започна со шпекулациите за трансферот од сништата на Сергеј Милинковиќ-Савиќ (СМС). Српскиот репрезентативец медиумите на Апенините повторно го поврзуваат со Реал Мадрид.
Наводно, трансферот на најдобриот играч на Лацио, во летниот преоден рок ќе бил еден од приоритетите на тренерот на Реал, Зинедин Зидан.
Како и секогаш покрај Реал, италијанските медиуми ги поврзуваат и Јувентус, Милан, Манчестер Јунајтед и Пари Сен Жермен со Милинковиќ-Савиќ.
Проблем за сите заинтересирани е сумата од 120 милиони евра која за СМС ја бара првиот човек на Лацио, Клаудио Лотито.
Реал, односно Флорентино Перез, се надевал дека ќе може сумата да ја спушти до 70 милиони евра и Лацио да го добие Хамес Родригез.
Милинковиќ-Савиќ сезонава осиграл 22 натпревари, на кои постигнал три гола и забележал пет асистенции.