Top Sport

И Ред Бул го покажаа болидот за 2020

Екипата на Ред Бул го покажа болидот со ознаката „РБ16“ со кој ќе се обидат сезонава да ги освојат титулите во конкуренција на возачите и конструкторите.

Болидот во текот на денот ќе има и пробен тест на патеката „Силверстон“, а зад воланот ќе седи Макс Ферстапен, кој неодамна го продолжи својот договор до 2023 година.

Една недела подоцна, на патеката во Барселона, новото возило ќе го испроба и вториот возач Александер Албон.

Двајцата возачи за новата сезона ќе добијат и нови кациги.

Пред австрискиот тим своите болиди за новата сезона во јавноста ги презентираа Хас, Мерцедес и Ферари.

Новата сезона во Формула 1 ќе започне на 15 март со трката за Големата награда на Австралија, која се вози во Мелбурн.

Scroll to Top