Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари ја навреди Италијанската пошта, која се јави со соопштение како одговор на неговото тврдење дека таму би работел под помалку притисок.
Контроверзите почнаа откако Сари беше запрашан колку е тешко да се работи како прв човек на клубот од Торино.
„Да сакав да избегнам притисок и соочување со тешки задачи, ќе аплицирав за работа во пошта“, изјави Сари малку невнимателно.
Ова ги изиритира првите луѓе на „Посте Италиане“ кои се јавија со соопштение.
„Во врска со коментарите на Маурицио Сари, Италијанската пошта го поканува господинот Сари да одвои неколку минути од неговото драгоцено време за да се едуцира со фактот дека поштата е најголемата компанија во земјата, компанија во која младите сакаат да работат и која е признаена меѓу топ 500 компаниите според квалитетот на живот, со трето место на глобална сцена според имиџот и репутацијата меѓу италијанските компании. Затоа има предизвици, спротивно од мислењето на господинот Сари, и меѓу луѓето кои работат во поштата, бидејќи тие одговараат на граѓаните, бизнисите и администрацијата. Го покануваме да ја погледне нашата дневна работа во една од 15.000 канцеларии“, се вели во соопштението на поштата.
Gli esami – contrariamente a quanto sostiene #Sarri – alle #Poste ci sono eccome. pic.twitter.com/LE8SUFo2bL
— Poste Italiane (@PosteNews) February 12, 2020