Наполи со 1:0 го совлада Интер на „Џузепе Меаца“ во првиот меч од полуфиналето на Италијанскиот куп, со што пред реваншот на 5 март тимот на Џенаро Гатузо е голем фаворит за борба за трофејот. Во второто полуфинале играат Јувентус и Милан, а првиот меч се игра утре.
Со македонскиот репрезентативец Елиф Елмас како стартер на местото на повредениот Лоренцо Инсиње, тимот на Наполи имаше повеќе шанси во првото полувреме, двапати преку Дрис Мертенс, но опасно беше и нафрлањето на Елмас, кое беше спасено од голманот Даниеле Падели.
Наградата за подобрата игра дојде во 57. минута, кога Фабијан Руиз од работ на шестнаесетникот упати прекрасен удар кој Падели не можеше да го фати.
Fabian Ruiz take a bow son what a way to give Napoli the lead over Inter pic.twitter.com/XkNrn9H8wa
— Reagan Tinka ? (@EasyMoneySnipa6) February 12, 2020