Сопствениците на Пари Сен Жермен нема да штедат пари само за да го задржат во клубот Килијан Мбапе. 21 годишниот напаѓач за кого клубот на Монако во 2017 година им платија 180 милиони евра има договор со ПСЖ до јуни 2022 година.
Пари Сен Жермен со обидуваат да го продолжат договорот со Мбапе кого медиумите го селат во Реал Мадрид. Според медиумте не во овој туку во преодниот рок во 2021 година Реал ќе се обидат да го договорат трансферот на напаѓачот. Во Мадрид сметале дека тогаш ќе можат да го добијат Мбапе за помала сума од 300 милиони евра бидејќи ќе влезе во последната година од договорот.
Поради тоа богатите сопственици на ПСЖ подготвиле неверојатна понуда за 21 годишниот напаѓач. Тие за потписот на Мбапе подготвиле 250 милиони евра за пет годишен договор, односно му нудат годишна плата од 50 милиони евра, со што тој би станал најплатениот фудбалер во светот.
Според актуелниот договор Мбапе годишно заработува 15 милиони евра.