Украинската боксерска легенда, Владимир Кличко вели дека неговиот стар ривал Ентони Џошуа оваа година ќе стане апсолутен шампион оваа година бидејќи сигурно ќе го победи подобриот од пресметката помеѓу Дионтеј Вајлдер и Тајсон Фјури.
Помладиот Кличко се повлече од боксот откако беше нокаутиран од Џошуа во 11. рунда од нивната пресметка во 2017 година, но оттогаш двајцата станаа добри пријатели и честопати се слушаат на телефон. Откако Џошуа го победи Енди Руиз Јуниор во реваншот во декември, тој доби прекар „новиот Кличко“ поради неговата внимателна тактика.
Сега, откако промотерот на Џошуа, Еди Херн откри дека следен меч на Британецот ќе биде против подобриот од пресметката Фјури-Вајлдер, Кличко има еден фаворит.
„Ентони се врати на врвот и ќе биде подобар боксер по негативното искуство со Руиз. Ќе го видиме тоа и се надевам дека на крај тој ќе ги обедини појасите во тешка категорија. Стилот прави возбудливи мечеви, а Џошуа е супериорен спортист, голем боксер и олимписки шампион. Покрај тоа, тој има совршен имиџ за еден шампион во тешка категорија. Горд сум што сега ми е пријател, иако претходно бевме ривали“, вели Кличко за „Атлантик“.