Дуелот од четврт-финалето на ракометниот Куп на Босна и Херцеговина помеѓу Грачаница и Извиѓач заврши со вистинска УФЦ пресметка во финишот на мечот.
При резултат 20:14 за домашниот тим се случи голема мешаница и имаше неколку вистински УФЦ удари. Аднан Туфекчиќ, ракометарот на Грачаница директно удри еден противнички ракометар, предизвикувајќи хаос на паркетот.