Златан Ибрахимовиќ е идеалниот човек кој треба да го предводи Милан во нова ера на успех, вели поранешниот херој на „росонерите“, Кафу.
Златан има три гола по враќањето на „Сан Сиро“, и Бразилецот вели дека ниту неговите 38 години не претставуваат проблем за да има големо влијание во тимот. Поразот од 4:2 од Интер минатата недела беше прв во девет меча во сите натпреварувања, а во средината на викендот одиграа 1:1 со Јувентус во полуфиналето на Копа Италија и Кафу гледа сигнали за подобрување на формата.
„Впечатокот кој го направи на тимот е огромен. Се надеваме дека ќе го врати Милан во борба за големите титули како во наше време. Се работи за сензационален фудбалер, а годините воопшто не се важни. Најважно е што тој сака да игра, сака да расне и го сака Милан“, вели Кафу.
Ибрахимовиќ ја освои титулата од Серија А со „росонерите“ во 2010/11, а покрај тоа освои лигашки титули во Шпанија, Франција и Холандија, а со Манчестер јунајтед го освои трофејот од Лига Европа.