Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер добил покана да присуствува на инаугурацијата на новиот претседател на Либерија, славниот фудбалер Џорџ Веа овој месец.
Венгер беше менаџер на Веа во Монако од 1988 до 1992 година и Либериецот секогаш го опишува во најдобро можно светло и го нарекува „втор татко“, но Французинот не знае дали ќе може да присуствува.
„Џорџ ме покани да дојдам на денот кога ќе стане претседател. Мислам дека ќе имам работа, но ако ме суспендираат за судиите, тогаш ќе имам време да отидам“, вели Венгер.
Французинот го чека дисциплинска акција од Фудбалската асоцијација (ФА) поради многубројните коментари за судиите во последните недели. Тој признава дека е изненаден од успехот на Веа.
„Животот на тој човек е вистински филм. Неверојатно. Се сеќавам кога го видов првпат во Монако, помалку загубен, без да познава никого, а потоа во 1995 година стана најдобар фудбалер на светот, а сега е претседател. Бев со Џорџ во Либерија кога имаше војна и знам колку страдаше за својата земја. Љубовта кон татковината е неизмерна. Би сакал да го посочам Џорџ како вистински пример за сите фудбалери“, објаснува Венгер.
Фудбалската ѕвезда Џорџ Веа е новиот претседател на Либерија!