Кик-бокс меч во Тајланд, помеѓу извесни борци Нак Муај Со Соваратан од едната и Нејмар (најверојатно ова му е прекар) од другата страна.
Сепак во центарот на вниманието по оваа борба е судијата на мечот, Ситчај Инејад.
Соваратан го нокаутира Нејмар, а овој паѓа како покосен.
Сепак судијата е присебен, прави чекор наназад, се фрла на грб и со десната рака го фаќа нокаутираниот боксер за задниот дел од главата, со што го ублажува ударот. Потоа веднаш му го вади штитникот за забите и спречува посериозни последици.
Судијата добива овации од гледалиштето.
Погледнете: