Top Sport

Клоп: Јас сум „полицаец во градинка“ во споредба со Чоло Симеоне!

Стратегот на европскиот шампион Ливерпул, на прес-конференцијата во очи на денешниот осминафинален меч од ЛШ против Атлетико во Мадрид кажа една работа која посебно им падна во око на англиските медиуми.

Секогаш насмеаниот и харизматичен Германец на спротивната страна ќе го има аргентинскиот колега, Диего Симеоне, а новинарите сакаа да направат паралела меѓу нив двајца. Ова е коментарот на Клоп:

„Луѓето велат дека сум емотивен покрај аут-линијата, но ако јас сум само `седмица`, тогаш Диего е `дванаесетка`. Јас сум „полицаец од градинка“ во споредба со него. Иако 8 години е тренер на Атлетико, тој и понатаму е максимално емотивен и инволвиран во мечот, тоа е импресивно. Неговата екипа секогаш е врвно организирана, поради тоа е еден од најдобрите“ рече Клоп за својот колега на клупата на „јорганџиите“.

Вечерва од 21 часот на „Ванда Метрополитано“ се игра првиот дуел меѓу Атлетико и Ливерпул. Стадионот е таличен за „црвените“ пред помалку од една година токму тука го подигнаа големиот пехар во ЛШ.

Симеоне и Клоп се испофалија меѓу себе

Scroll to Top