Top Sport

Лестер подготвиле понуда за Лалана

Челниците на Лестер имале намера до крајот на сезоната да го договорат трансферот на Адам Лалана од Ливерпул. „Скај Спорт“ тврди дека тие веќе го контактирале менаџерот овој 31 годишен фудбалер.

Лестер се брзаат д аја завршат работата околу трансферот на Лалана, бидејќи за овој фудбалер интерес покажувале Тотенхем, Вест Хем и Арсенал.

Договорот на Лалана со Ливерпул истекува на крајот од сезоната, поради што тој како слободен фудбалер привлекува интерес на други тимови. Лалана има право, без дозвола на клубот, да преговара со други клубови.

Адутот на Лестер е менаџерот Брендон Роџерс кој додека беше менаџер на Ливерпул го донесе Лалана на „Енфилд“ од Саутемптон.

Scroll to Top