Top Sport

Салах со специјален подарок за малиот сириски навивач кој ја загуби ногата

Мохамед Салах уште еднаш се потруди да расположи еден негов навивач, откако прати негова копачка со автограм на еден мал навивач од Сирија кој остана без нога по бомбашки напад.

Осумгодишниот Хамис Ал Гасир загуби нога во бомбардирањето на провинцијата Идлиб во Сирија, по што со неговото семејство пребега во Турција.

Ова не е првпат ѕвездата на Ливерпул да го покаже своето срце. 27-годишниот Египќанец даде големи средства за изградба на болница и училиште во неговиот роден град Нагриг, а во март 2018 година донираше 500.000 фунти за медицинска опрема на одделот за рак во главната болница во Каиро.

Scroll to Top