Top Sport

Претседателот на Атлетико вели дека „Енфилд“ не би поминал инспекција на УЕФА

Претседателот на Атлетико Мадрид, Енрике Серезо на шега вели дека стадионот „Енфилд“ на Ливерпул не би поминал инспекција на УЕФА пред реваншот од осминафиналето на ЛШ меѓу двата тима на 11 март.

Атлетико патува во Англија со предност од 1:0 по вчерашната победа, а менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп веќе им се „закани“ дека на „Енфилд“ ќе биде сосема поинаку и дека ќе бидат пречекани непријателски. Серезо, пак, вели дека „Енфилд“, кој има четири ѕвездички од можни пет според стандардите на УЕФА, не е прикладен стадион.

„’Енфилд’ е голем стадион со големи фанови, но исто така е и многу стар. Ако им пратат техничка инспекција од УЕФА, нема теорија да ја помине“, вели Серезо.

Scroll to Top