Аталанта го игра историското осминафинале од Лигата на шампионите на „Сан Сиро“, и според италијанските медиуми, дури една третина од жителите на Бергамо ќе отпатуваат во Милано, а меѓу нив и малото момче Едоардо и неговиот татко, откако станаа хит на интернет со нивната порака до учителката.
„Ве информираме дека ова попладне Едоардо ќе биде отсутен од часовите поради културно-историски причини. Тој ќе има искуство во една страница од историјата на Бергамо со неговиот татко. Форца Аталанта“, напишал родителот.
Пораката беше препоратена од градоначалникот на Бергамо, Џорџо Гори, така што најверојатно тоа е доволно за оправдание.
#AtalantaValencia, ci siamo! #GoAtalantaGo pic.twitter.com/XcUFCCECdJ
— Giorgio Gori (@giorgio_gori) February 19, 2020