Тренерот на Тотенхем Жозе Мурињо во свој стил го прокоментирал поразот од Лајпциг (0:1) во првиот осмина-финален натпревар во Лигата на шампионите.
Мурињо може да биде задоволен што неговиот тим доживеа пораз од само еден гол, но и од играта што ја прикажаа неговите играчи во последните 20 минути од натпреварот.
„Ве молам што сакате да кажете со тоа „вистинските Спарс“? Ајде, ајде“, одговорил Мурињо на прашањето дали неговата екипа играла добро во последниот дел од натпреварот и продолжил.
„Да бидеме поштени кон нашите момци и да кажеме дека дадоа сѐ
од себе“.
Португалецот верува дека Тотенхем можат да направат пресврт во реваншот во Германија.
„1:0 е 1:0, не е 10:0. Натпреварот е отворен. Нема да бидеме првиот тим што загубил дома 1:0, а потоа победил како гостин. Зошто не би го направиле тоа?“.
Инаку Тотенхем има големи проблеми во нападот. Поради повреди до крајот на сеозната во тимот ќе ги нема Кејн и Сон, поради што во врвот на нападот мора да игра Лукас Моура.
Реваншот во Лајпциг на програмата е на 10 март.