Top Sport

Вознијацки и Гергес со две победи поставија финале

Првата носителка Каролине Вознијацки победи во два меча за четири часа за да постави финале против втората носителка Јулија Гергес на Оукленд класик турнирот во Нов Зеланд.

Силниот дожд во најголемиот новозеландски град предизвика хаос со распоредот на турнирот, по што организаторите четврт-финалето и полуфиналето го играа во сабота, а финалето го преселија за во недела.

Данката се мачеше во првиот меч против 19-годишната Американка Софија Кенин за да стигне до 4:6/6:2/6:4 победа до 16 часот по што во 17.50 се врати на теренот за 6:4/6:4 победа над уште една Американка, Саша Викери.

„Да бидам искрена, се преморив. Ова е тежок старт на сезоната, и го чувствуваш тоа во нозете и во грбот“, вели Вознијацки.

Гергес, која е финалистка на турнирот од 2016, ја победи Словенката Полона Херцог со 6:4/6:4 во четврт-финалето, пред со 6:1/6:4 да биде подобра од Тајванката Хсиех Су-Веи во полуфиналето.

Scroll to Top