Top Sport

Гут победи по пауза од две години

Швајцаркат Лара Гут победи на спуст трка во Кран Монтана, во рамките на Светскиот куп. Гут која има 25 победи во кариерата, ја забележа првата победа уште од јануари 2018 година. Претходно во спуст немала победа речиси три години.

Лара Гут во Кран Монтана победи со резултат 1:27.11 минути. На второто место се најде нејзината сонародничка Корин Зутер (1:27.91), додека третото место и припадна на Австријката Штефани Фенир (1:28.03).

Трката не ја завршија седум натпреварувачки, од кои Елизабет Рајзингер се здобила со потешка повреда.

Зутер ја задржа првата позиција во поредокот за спуст со 397 поени, втора е Естер Ледецка со 277, а трета Федерика Брињоне со 270 поени. До крајот на сезоната ќе се возат уште две трки во спуст.

Лидерка во генерланиот пласман е Михаела Шифрин со 1.225 поени. Американката поради семејната трагедија не учествуваше ниту на оваа трка. Втора е Брињоне со 1.148, а трета Петра Влхова со 1.121 поен.

Scroll to Top