Top Sport

Колку ќе заработат Вајлдер и Фјури од утрешната борба?

Ри-мечот за титулата во тешка категорија во верзијата на ВБЦ помеѓу Дионтеј Вајлдер и Тајсон Фјури на програната е во ноќта помеѓу сабота и недела.

Шампионот Вајлдер и предизвикувачот Фјури се соочија во 2018 година кога мечот заврши нерешено.

„Јас те вратив, ти стави јадење на масата, по втор пат го правам тоа. Тоа немој да го забораваш. Кога те најдов беше на кокаин. Планираше да се самоубиеш. Те вратив во боксот, те вратив на големата сцена“, му рекол Вајлдер на Фјури на соочувањето пред мечот.

Од оваа борба Вајлдер и Фјури ќе заработат по 25 милиони долари, а ќе добијат и процент од продажбата на „пеј превју“ преносите.

Интересно тие веќе потпишале договор и за трет меч. Според тој договор оној што ќе победи во втората борба, во третата ќе доби 60 отсто од сума.

Scroll to Top