Светската автомобилистичка федерација (ФИА) веќе ги разгледува мерките со кој ќе биде забранет контроверзниот нов систем за управување на Мерцедес, наречен ДАС (dual-axis steering), управување со двојна оска, но само од 2021 година.
Актуелните шампиони ги изненадија сите на вториот ден на тестирањето во Барселона со системот со кој воланот на возачот се движи напред-назад за да се пренасочува позицијата на предните тркала, со кои болидот добива дополнителна брзина.
Ривалите веднаш посочија дека се работи за нелегален систем, но техничкиот директор на Мерцедес, Џејмс Елисон изјави дека ФИА е информирана и дека системот е легален бидејќи нема подвижна суспенија.
Сепак, за 2021 година, ФИА го реши проблемот со легалноста, бидејќи во одделот 10.5 на правилата пишува: „Поместувањето на воланот, дефиниран на позиција во кокпитот мора да остане на фиксна дистанца и да биде уникатно дефиниран со монотоно движење на ротација“.
Ова речиси сигурно ја потврдува легалноста на болидот на Мерцедес за сезоната 2020, и останува а се види колку предност ќе им донесе системот.
Мерцедес ги шокираа сите со „подвижниот“ волан на зимското тестирање (видео)