Top Sport

Тијаго Меси постојано го прашува татко му за Роналдо!

Лионел Меси открива дека неговиот најстар син, Тијаго е огромен фан на Кристијано Роналдо и постојано прашува за ѕвездата на Јувентус и најголем ривал на неговиот татко.

Меси претходно откри дека седумгодишниот Тијаго постојано го критикувал по лоши мечеви, а сега во интервју за „Мундо депортиво“ открива дека тој исто така е фан на Роналдо.

„Зборува многу за Луис Суарез, со кого имаме одлична семејна врска, за Антоан Гризман и Артуро Видал, најмногу поради фризурата. Тијаго ги знае сите и само прашува. За луѓето од страна, како Мбапе, Кристијано, Нејмар“, вели Меси.

Тој има три сина со својата сопруга Антонела Рокуцо, Тијаго, Матео и Чиро, и открива дека Тијаго и Матео постојано се на мечевите и тренинзите, но дека Чиро е премал.

„Постарите двајца покажуваат повеќе посветеност кон топката. Тие разбираат што се случува на теренот“, додава Меси.

Scroll to Top