Ѕвездата на Баерн Минхен, Роберт Левандовски открива дека неговиот фудбалски живот би бил сосема поинаков откако по добиен телефонски повик од Сер Алекс Фергусон, сериозно размислувал за трансфер во Манчестер јунајтед.
Полскиот голгетер повикот го добил во 2012 година, кога имаше само 23 години и постигна 30 голови во сите натпреварувања во втората сезона со Борусија Дортмунд. Сега, тој открива дека поради повикот од Фергусон сериозно размислувал за трансфер, но дека во Дортмунд не го дозволиле тоа.
„Зборував со Фергусон по две сезони во Дортмунд и навистина размислував за трансфер таму. Зошто? Поради Фергусон и поради Манчестер јунајтед. Но, од Борусија кажаа: ’Не, тоа е тоа’. Тоа беше првпат да размислувам за трансфер, и навистина беше прекрасно за млад фудбалер да добие повик од Фергусон. Тоа останува посебен ден за мене“, вели Левандовски во интервју за „Гардијан“.
Левандовски две години подоцна си замина од Борусија за трансфер во Баерн, заминувајќи од покровителството на Јирген Клоп за да работи со Пеп Гвардиола и вели дека тие двајца заедно би биле „совршен тренер“.
„Во Дортмунд се обложувавме дека ако постигнам 10 гола на тренинг, Клоп ќе ми дадеше 50. По три месеци, секој тренинг давав околу 10, и тој одеднаш ми кажа дека станува прескапо и дека нема да ми плаќа повеќе. Тоа беше навистина мотивирачки. Од Пеп научив многу за тактиката и за фудбалот. Двајцата се многу различни, а ако има некоја мешавина од нив тоа би било совршено“, додава Лева.