Тренерот на кошаркарите на Панатинаикос Рик Питино не го криел незадоволството од начинот на кој неговите играчи, синоќа беа поразени од Барселона во Атина со 81:92.
Синоќешната победа е прва за Барселона во Атина по пауза од пет години.
„Барем јавно нема да ги критикувам моите играчи. Но морам да кажам дека во САД игралите тренираат во текот на летото за да бидат во врвна форма. Летниот период не е за Миконос, Снаторини или Крит. Тој период се користи за да се намалат мастите и за работа на физичката подготвеност. Сега многу време губиме на тие работи“, рекол Питино.
По 25 рунди во Евролигата Панатинаикос се на шестото место со 14 победи и 11 порази, додека Барселона е на третата позиција со 19 победи и шест порази.