Top Sport

Родриго доби бизарен црвен картон и нема да игра на „Ел класико“ (видео)

Младиот бразилски ас на Реал Мадрид, Родриго нема да може да добие повик за првиот тим како замена за повредениот Еден Азар за „Ел класико“ против Барселона следниот викенд откако доби бизарен црвен картон откако постигна гол за Кастилја, Б-тимот на „кралскиот клуб“.

Родриго доби втор жолт картон за исмевање со противничкиот голман од тимот на Рејес по убавиот соло гол за 2:0 победа на само две минути пред крајот на мечот. Тој играше во Кастилја во третата шпанска лига, каде што тренер е Раул како казна за пропуштање на трите мечеви на Реал во Ла лига.

Scroll to Top