Пари Сен-Жермен стигна до 4:3 победа во дербито на 26. коло во француската Лига 1 против Бордо, иако гостите успеаја на почетокот добро да ги испотат шампионите.
Кореецот Уи-Џо Хванг во 18-тата минута го замолче „Паркот на принцовите“ за водство на „Жирондинците“, пред Париз да се соземе и да направи пресврт со головите на Единсон Кавани во 25. и Маркињос во 45. минута, пред да следува уште едно изненадување во гостите – во последните секунди од полувремето, Пабло успеа да израмни. За Кавани, кој на лето ќе го напушти Париз ова беше јубилеен 200. гол за „светците“.
Второто полувреме, затоа, целосно им припадна на домаќините – Маркињос во 63. минута го врати водството, за Килијан Мбапе само шест минути да зголеми на 4:2. Гостите не се предадоа и Рубен Пардо во 83. минута намали на 4:3 за интересни последни десетина минути од мечот, во кои беше поништен голот на Мауро Икарди, а Нејмар успеа да добие црвен картон.
ПСЖ имаат 65 поени на врвот на Лига 1, дури 13 пред Марсеј, додека Бордо се само 12. со 35 освоени поени.