Челниците на Интер се подготвуваат за евентуалното заминување на Лаутаро Мартинез. Аргетинецот долго време се поврзува со Барселона. Неговите квалитети исклучително ги цени неговиот соиграч од репрезентацијата Лионел Меси. Најголемиот спортски ривал на Барселона, Реал Мадрид, исто така покажува интерес за напаѓачот.
Лаутаро Мартинез има интересна клаузула во договорот со Интер. Тој може да го напушти клубот доколку некој во периодот од 1 до 15 јули издвои за него 111 милиони евра.
Првиот човек на Расинг, поранешнит тим на Лаутаро, Виктор Бланко тврди дека напаѓачот во летниот преоден рок ќе замине од „Џузепе Меаца“.
„Во моментот кога тој замина во Интер ние се откажавме од 2,5 милиони евра од тој трансфер за да можеме да добиеме процент од наредната продажба. Бевме свесни колкав приход Расинг би можел да има од Мартинез. Има многу вистина во муабетите дека тој ќе оди во Барса или Реал“, рекол Бланко.
Лаутаро Мартинез во досегашниот дел од сезоната одиграл 30 натпревари за Интер на кои постигнал 16 голови.
Бидејќи е извесно заминувањето на Лаутаро, Бепе Марота човекот задолжен за трансфери во Интер, веќе ја обезбедил неговата замена. Барам така тврдат италијанските медиуми.
Според нив Интер имале договор со Пјер-Емерик Обамејанг. 30 годишниот Габонец не бил задоволен во Арсенал, поради што Интер се обезбедиле тој да потпише четири годишен договор.